• четврток, 26 декември 2024

САД им препорачаа на Американците да ги преиспитаат патувањата во Кина

САД им препорачаа на Американците да ги преиспитаат патувањата во Кина

Вашингтон, 3 јули 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави им препорачаа на Американците да ги преиспитаат патувањата во Кина поради самоволието на органите за спроведување на законот, забраните за напуштање на земјата и ризикот од неправедно наметнати казни.

Не беа наведени конкретни случаи, но препораката беше објавена откако 78-годишен американски државјанин беше осуден на доживотен затвор под обвинение за шпионажа во мај.

Кина, исто така, неодамна усвои сеопфатен закон за контрашпионажа, што предизвика бурни реакции во странската деловна заедница и доведе до рации во канцелариите, како и закон за казнување на странските критичари.

„Владата на Народна Република Кина произволно ги спроведува локалните закони, вклучително и издавање забрани за патување на американски и други државјани, без да дозволи фер и транспарентен процес“, се наведува во документот.

Соединетите Американски Држави издаваа препораки и претходно, но во последниве години тие беа главно поврзани со предупредувањата за опасностите од затворените граници на Кина за време на пандемијата Ковид-19. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан