• вторник, 24 декември 2024

САД им доделуваат „статус на привремена заштита“ на Украинците

САД им доделуваат „статус на привремена заштита“ на Украинците
Вашингтон, 4 март 2022 (МИА) - САД соопштија дека ќе им доделат „статус на привремена заштита“ на Украинците во земјата во следните 18 месеци. Потегот на Министерството за внатрешна безбедност им овозможува на Украинците кои моментно се наоѓаат во САД да останат во земјата и ја отстранува заканата од депортација. - Намерниот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина доведе до тековна војна, бесмислено насилство и ги принуди украинските бегалци да бараат засолниште во други земји, истакна секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас. - Под овие вонредни околности и тешки времиња, ние ќе продолжиме да ја нудиме нашата поддршка и заштита на украинските граѓани во САД, додаде Мајоркас. гт/

Остани поврзан