• недела, 24 ноември 2024

САД изрази жалење што израелскиот Парламент го усвои првиот од серијата контроверзни закони за судски реформи

САД изрази жалење што израелскиот Парламент го усвои првиот од серијата контроверзни закони за судски реформи

Вашингтон, 24 јули 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден изрази жалење што израелскиот Парламент претходно денеска го усвои првиот од серијата контроверзни закони за судски реформи предложени од премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„Убедени сме дека тие кога прават големи демократски промени, неопходно е да се работи на консензус. Ги повикуваме израелските (политички) лидери да работат на консензусен пристап за ова прашање преку политички дијалог“, рече американскиот функционер. паг/

Фото: МИА архива





Остани поврзан