• сабота, 23 ноември 2024

САД изразија загриженост поради продлабоченото партнерство меѓу Русија и Кина

САД изразија загриженост поради продлабоченото партнерство меѓу Русија и Кина

Вашингтон, 2 април 2024 (МИА) - САД изразија загриженост по повод развојот на односите меѓу Русија и Кина, истакнувајќи дека тие одат во прилог на агресијата на Москва во Украина.

Изјавата доаѓа по информациите дека претсдателот на Русија Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаат закажано самит идниот месец во Кина.

- Јасно дадовме до знаење дека имаме резерви по повод ова партнерство меѓу Русија и Кина што ние сметаме дека е од големи размери, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Милер беше прашан што тој мисли за солидарноста меѓу Русија и Кина.

- Јасно дадовме до знаење дека не сакаме Кина на каков и да било начин да дава поддршка на руската агресија во Украина и ние и понатаму јасно ќе укажуваме на тоа, изјави Милер. кб/паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан