• вторник, 24 декември 2024

САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија (ДПЛ)

САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија (ДПЛ)

Вашингтон, 2 февруари 2024 (МИА) - Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.

„Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата. 

Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран. 
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одговорот за загинувањето американски војници започнал денеска и дека САД не бараат конфликт на Блискиот Исток.

„Американските воени сили нападнаа цели на објекти во Ирак и Сирија што ИРГЦ и поврзаната милиција ги користат за да ги нападнат американските сили. Нашиот одговор започна денес. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор.  САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Но, нека го знаат ова сите оние кои би сакале да ни нанесат штета: Ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме“. зш/

Остани поврзан