• среда, 25 декември 2024

САД започнаа истрага против Виза за монопол на пазарот на дебитни картички

САД започнаа истрага против Виза за монопол на пазарот на дебитни картички
Вашингтон, 19 март 2021 (МИА) - Министерството за правда на САД започна истрага дали компанијата „Виза“ го прекршила законот за монопол на пазарот на дебитни картички. Министерството собира информации за тоа дали „Виза“, која е сопственик на најголемата мрежа на картички во САД, ги ограничила трансакциите на трговците во други платежни системи, кои честопати се поевтини. Како што пренесува „Волстрит журнал“, ревизорите се заинтересирани дали политиката што ја спроведува корпорацијата е начин да се одржи доминантна позиција на пазарот во кршење на законот. Тие проверуваат дали банките добиле какви било упатства во врска со ограничувањето на работењето на помалите платни системи. Според сегашниот закон, бизнисмените треба да имаат можност да избираат помеѓу два неповрзани платни системи.  

Весникот нагласува дека веќе неколку години бизнисмените се жалат дека многу често не можат да прават трансфери со Виза или Мастеркарт на мали системи за плаќање, поради што треба да плаќаат повисоки такси отколку што нудат малите платни системи.

Ревизијата ја нагласува важната улога на таканаречените мрежни трошоци, кои се невидливи за потрошувачите, но се профитабилни за компаниите со картички и носат дополнителен финансиски товар за трговците, кои честопати им префрлаат такси на клиентите во форма на повисоки цени.

Инспекцијата се спроведува затоа што органите на Министерството за правда во администрациите се фокусираа на контролата врз активностите на дигиталниот пазар, вклучително и во финансискиот сектор, и истрагата на деловните практики на доминантните компании. паг/

Остани поврзан