• четврток, 26 декември 2024

САД „енергично“ ја осудуваат „антисемитската“ толпа во руски Дагестан

САД „енергично“ ја осудуваат „антисемитската“ толпа во руски Дагестан

Вашингтон, 30 октомври 2023 (МИА) - САД ги осудуваат „антисемитските протести“ што го потресоа аеродромот во Дагестан, откако се проширија гласини дека таму слетал авион од Израел, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„САД недвосмислено стојат со целата еврејска заедница додека сме сведоци на светски пораст на антисемитизмот. Никогаш нема никакво оправдување за антисемитизмот“, напиша таа на X (Твитер) за синоќешниот обид за напад на евентуални израелски граѓани.

Шеесет лица се уапсени откако толпа упадна на аеродромот во главниот град на руската кавкаска република Дагестан, Махачкала барајќи Евреи и извикувајќи антисемиски пароли.

Антисемитска толпа синоќа упадна на аеродромот во Махачкала, откако таму слета авион од Тел Авив. Според медиумите, оние кои упаднале на аеродромот извикувале антисемитски слогани и вееле палестински знамиња. ссм/

Остани поврзан