• четврток, 26 декември 2024

САД: Единаесет држави повикуваат на построги стандарди за емисиите на стакленички гасови

САД: Единаесет држави повикуваат на построги стандарди за емисиите на стакленички гасови
Вашингтон, 20 октомври 2020 (МИА) - Група од 11 држави и областа Колумбија ја повикаа Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) да ги заостри првичните стандарди за регулирање на емисиите на стакленички гасови. Генералните државни обвинители порачаа дека мерките предложени од ЕПА во јули се апсолутно недоволни, пренесуваат странските агенции. Калифорнискиот државен обвинител Ксавиер Бецера рече дека „лошиот предлог тоа да се регулира е еднаков на тоа ништо да не се направи“. паг/    

Остани поврзан