• среда, 18 декември 2024

САД: Доживотен затвор за убиецот на 17 лица во средното училиште во Паркленд

САД: Доживотен затвор за убиецот на 17 лица во средното училиште во Паркленд
Вашингтон, 13 октомври 2022 година (МИА) - Николас Круз, кому се судеше за убиство на 17 лица во средно училиште во градот Паркленд во 2018 година, осуден е на доживотен затвор без можност за помилување. Како што пренесува Гласот на Америка, таа пресуда е донесена откако дванаесет членови на поротата не успеале да донесат едногласна одлука за осудениот Круз да биде погубен за делото што го направил. Со ова заврши тримесечното судење, кое се состоеше од изнесување аргументи и сослушување сведоци. Обвинителството бараше смртна казна, додека одбраната се залагаше за единствената преостаната можна опција - доживотен затвор. Николас Круз (24) се изјасни за виновен за убиството на 14 ученици и тројца наставници во средното училиште Марџори Стонман Даглас во Паркленд, едно од најсмртоносните масовни убиства во училиште во историјата на САД. ссм/

Остани поврзан