• недела, 24 ноември 2024

САД доделија 169 милиони долари воена помош за балтичките држави

САД доделија 169 милиони долари воена помош за балтичките држави
Талин, 23 декември 2020 (МИА) - САД преку програмата Балтичка безбедносна иницијатива за 2021 година доделија 169 милиони долари воена помош за Естонија, Летонија и Литванија, соопшти денеска естонското Министерство за одбрана. - Одлуката на американскиот Конгрес покажува дека нашиот најсилен сојузник е посветен на одбраната на нашиот регион и оти ги разбира овдешните безбедносни предизвици, истакна естонскиот министер за одбрана Јури Луик. САД годинава одржаа активно воено присуство во балтичкиот регион, а армијата на Естонија имаше повеќе заеднички вежби со американската армија, воздухопловство и морнарицата. Од крајот на септември до почетокот на ноември американската кибер команда имаше заедничка операција со Естонија, со цел да се истражат и блокираат потенцијалните кибер закани од Русија. ашингтон и претходно пружаше воена помош на балтичките држави, кои се членки на НАТО, но сега првпат помошта се доделува преку наменската програма Балтичка безбедндосна иницијатива. Поранешните советски републики Естонија, Летонија и Литванија станаа членки на НАТО во 2004 година. Трите земји граничат со Русија. ми/

Остани поврзан