• сабота, 23 ноември 2024

САД загрижени поради ослободувањето на осуден убиец на вработени во амбасадата во Судан  

САД загрижени поради ослободувањето на осуден убиец на вработени во амбасадата во Судан  

Вашингтон, 1 февруари 2023 (МИА) - САД изразуваат длабока загриженост поради ослободувањето завчера на Абдел Рауф Абузиад, осуден за убиството на Џон Гренвил и Абдел Рахман, дел од персоналoт на амбасадата на САД во Судан и вработени во УСАИД, се вели во денешното соопштение на американскиот Стејт департмент. 

Абузаид останува лице под санкции на САД означено како глобален терорист. За пукањето од автомобил во движење во Гренвил и Рахман, кое се случи во главниот град Картум в 2008 година, тој беше осуден на смртна казна. 

- Длабоко сме вознемирени од недостигот на транспарентност во легалниот процес што резултираше во ослободување на единствениот задржан, а поради неточното тврдење дека ослободувањето било договорено од владата на Соединетите Американски Држави, а како дел од договорот меѓу жртвите и суданската влада поврзано со исфрлање на Судан во 2020 година од списокот земји спонзори на терориозмот, изјави портпаролот Нед Прајс. 

Тој истакна дека САД ќе продолжат да бараат појаснувања за оваа одлука. 

Стејт департментот има објавено потерница со награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мохамед Макави Ибрахим Мохамед и Абделбасит Алхасан Хаџ Хамад, останати две лица одговорни во убиството на Гренвил и Абас. кб/паг/ 

Остани поврзан