• среда, 25 декември 2024

САД го цени придонесот на ИДКНА во зајакнувањето на слободата на религијата

САД го цени придонесот на ИДКНА во зајакнувањето на слободата на религијата
Скопје, 14 мај 2021  Стејт департментот на САД во среда го објави својот годишен извештај за состојбата на верска слобода во светот, кој вклучува податоци за состојбата на верска слобода во 200 држави и територии и ги документира и прекршувањата извршени од страна на владите, терористичките групи и поединците. Состојбата на верската слобода во Северна Македонија е исто така анализирана во посебни поглавја. Осврнувајќи се кон Уставот на Северна Македонија, Извештајот забележува дека тој забранува верска дискриминација и предвидува верска слобода и верско изразување. Уставот, без оглед на вера, и дава еднаквост на сите индивидуи според законот, и споменува пет верски заедници: Македонска православна црква, Исламска верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ), Католичка црква, Евангелистичка методистичка црква и Еврејска заедница, кои се ослободени од даноци, додека другите религиозни групи мораат да се регистрираат за да ги добијат истите поволности. Извештајот исто така го истакнува духот на соработка помеѓу американската амбасада и државните институции. Извештајот на Стејт департментот за верската слобода во светот за 2020 година, исто така, има во фокусот на интерес прашања поврзани со учењето и образованието на Холокаустот, нагласувајќи во оваа прилика дека на 10 март, владата ја одобри дефиницирањето на работата на IHRA 2013 врз негирањето и изобличувањето на Холокаустот и им наложи на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) во рок од три месеци да ги преведат препораките на IHRA од декември 2019 година за учење и едуцирање на Холокаустот на македонски, албански, турски и српски јазик, за да бидат дистрибуирани во училиштата низ целата земја. Оваа препорака на Владата беше вклучена во стратегијата за работа на Одделот за образование и истражување на холокаустот при ИДКНА, во кој случај, во рекордно време беа подготвени Препораките на IHRA од декември 2019 година за настава и учење на Холокаустот на македонски, албански, турски и српски јазик. Покрај обуките за наставници во соработка со Јад Вашем од Израел, Одделот ја составува Стратегијата за изучување на Холокаустот во Република Северна Македонија, со придонес на реномирани експерти, едукатори и светски институции кои се занимаваат со оваа тема. Извештајот исто така потенцира дека во јуни, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците започна четиридневен курс за обука преку интернет, за Холокаустот. Обуката е наменета за 45 наставници од основно и средно училиште од целата земја, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерство за надворешни работи и Јад Вашем - Светски центар за сеќавање на Холокаустот во Ерусалим. Во извештајот се споменува и поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми, кој зборуваше за важноста на партнерството за образование на холокаустот во Балкан, според кој овој настан беше дел од стратегијата за вклучување на образованието за Холокаустот во официјалниот државен образовен систем и обезбедувањето на средства за нејзино спроведување. Директорот на ИДКНА, проф. д-р Скендер Асани, е задоволен од проценката дадена во Извештајот на Стејт департментот на САД за верската слобода во светот за 2020 година, додавајќи дека ИДКНА сега се прикажува на меѓународно ниво како референтна точка и ориентација за начинот на управување со човечки ресурси и научно конкретно проекти кои овозможуваат удобен соживот на верски, културни и етно-психолошки припадности и афинитети во Северна Македонија. „Се чувствувам почестен и почитуван од Стејт департментот на САД за охрабрувачката проценка што ја даде за придонесот на ИДКНА за зајакнување на верската слобода во Северна Македонија, со посебен акцент врз неговиот придонес во вклучување на образованието за Холокаустот во својата стратегија и во рамките на образовен систем во земјата “, подвлече Асани. Институт за духовно и културно наследство на Албанците ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан