• среда, 18 декември 2024

САД: Го поздравуваме тоа што Навални е лоциран, но загрижени сме за неговата состојба

САД: Го поздравуваме тоа што Навални е лоциран, но загрижени сме за неговата состојба

Вашингтон, 25 декември 2023 (МИА) - Портпаролот на американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави го поздравуваат фактот што е лоциран затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, но истакна дека Вашингтон е загрижен за неговата состојба.

Стејт департментот додаде дека е неопходно Навални веднаш да биде ослободен, пренесоа британските медиуми.

-Го поздравуваме фактот што г-дин Навални е лоциран. Сепак, остануваме длабоко загрижени за неговата состојба, рече портпаролот на Стејт департментот.

Се нагласува дека руската влада е одговорна за тоа што се случува со Навални во притвор. Портпаролката на рускиот опозиционер, кој отслужува 30-годишна затворска казна, претходно денеска соопшти дека Навални е лоциран.

-Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во Казнената колонија 3 (ИК-3), во населбата Карп, на северот на Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Неговиот адвокат денеска го посети. Алексеј се чувствува добро, рече Кира Јармуш. мс/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан