• среда, 25 декември 2024

САД го поздравија отварањето на преговорите на БиХ со ЕУ, повикаа намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

САД го поздравија отварањето на преговорите на БиХ со ЕУ, повикаа намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

Вашингтон, 22 март 2024 (МИА) - САД го поздравија отварањето на претпристапните преговори меѓу Брисел и Сараево за интеграција на Босна и Херцеговина во ЕУ, и будно ја следат ситуацијата на Косово повикувајќи на намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина.

Џејмс О’Брајан, заменик на државениот секретар за европски и евроазиски прашања, на брифинг за новинарите денеска изјави дека Балканот сѐ поактивно се придвижува кон ЕУ и ја охрабруваат Босна и Херцеговина да продолжи со реформите.

-Иднината на регионот е во Европа. Сметаме дека ова е мошне добар чекор, изјави О’Брајан.

Од друга, тој рече дека САД го следат движењето на српската војска во близина на границата со Косово и дека ја инфорирале Србија дека е целосно неприфатлива секаква примена на сила.

-Евентуалното движење на силите на Србија САД ќе го сметаат за закана по силите на НАТО. А тие се таму да ги заштитат како Албанците така и Србите, изјави О Брајан. кб/

фото:МИА архива

Остани поврзан