• среда, 25 декември 2024

САД го повикаа Израел да го истражи воздушниот напад во кој загинаа работници на невладини организации

САД го повикаа Израел да го истражи воздушниот напад во кој загинаа работници на невладини организации

Париз, 2 април 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон го повикал Израел да спроведе брза, темелна и непристрасна истрага за израелскиот воздушен напад во кој загинаа седум лица кои работеа во Газа за хуманитарната организација „Светска централна кујна“. 

„Разговаравме директно со израелската влада за овој конкретен инцидент. Побаравме брза, темелна и непристрасна истрага за да откриеме што точно се случило“, изјави Блинкен на прес-конференција во Париз, додавајќи дека хуманитарните работници мора да бидат заштитени.

Американскиот државен секретар исто така рече дека она што Израел го направи досега за да дозволи помош во Газа не е доволно.

Блинкен посочи и дека координацијата на помошта за Газа е постојан проблем. Тој му ја истакна на Израел потребата од зголемување и одржување на помошта за палестинската енклава, чие население е на работ на глад. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан