• среда, 25 декември 2024

САД го осудуваат сексуалното насилство во конфликтот во Судан

САД го осудуваат сексуалното насилство во конфликтот во Судан

Картум, 26 август 2023 (МИА) – САД го осудија раширеното сексуално насилство поврзано со конфликтот во Судан и ги повикаа завојуваните страни веднаш да ги прекинат борбите и да овозможат безбедно заминување на сите цивили.

Според соопштението, веродостојни извори, вклучително и жртви, ваквиот тип насилство им го препишале на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) и нивните сојузнички милиции.

„Длабоко се вознемирувачки бројните извештаи за силување, групно силување и други форми на родово базирано насилство врз жените и девојките во Западен Дарфур и на други места. Овие акти на бруталност придонесуваат за растечки модел на насочено етничко насилство“, соопшти Стејт департментот. 

„Ние сме особено сериозно загрижени за ситуацијата во и околу Нијала, во Јужен Дарфур, каде што десетици илјади цивили се заробени додека ескалираат борбите меѓу РСФ и Суданските вооружени сили (САФ)“, се додава во соопштението на Стејт департментот, повикувајќи ги завојуваните страни веднаш да ги прекинат борбите и да овозможат безбедно заминување на сите цивили од градот. сд/

Остани поврзан