САД го освоија првиот златен олимписки медал со играчи од НХЛ
- Репрезентацијата на САД вчеравечер го победи националниот тим на Канада (2:1 во продолжение) во финалниот натпревар од машкиот турнир во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри 2026 во Италија.
Милано, 23 фефруари 2026 (МИА) – Репрезентацијата на САД вчеравечер го победи националниот тим на Канада (2:1 во продолжение) во финалниот натпревар од машкиот турнир во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри 2026 во Италија.
Ова е првиот златен олимписки медал на Америкаците со играчи од НХЛ. Напаѓачот на тимот на САД,
Џек Хјуз, го постигна победничкиот гол во продолжението на финалето на Олимписките игри против Канада. Бевме сведоци на едно од најголемите финалиња во историјата на хокејот! САД ги освоија Олимписките игри за прв пат по 46 години.
САД го освои својот трет златен олимписки медал во својата историја и прв по 46 години. Меѓу играчите од НХЛ кои претставуваа различни репрезентации следниве беа освојувачи на златни медали: тројца од Минесота; по двајца од Бостон, Ренџерс, Отава, Вегас и Винипег; и по еден од Анахајм, Бафало, Каролина, Колорадо, Колумбус, Далас, Детроит, Флорида, Њу Џерси, Тампа, Торонто и Колорадо. зс/
Фото: ЕПА