• недела, 24 ноември 2024

САД ги укинуваат царините на канадскиот алуминиум

САД ги укинуваат царините на канадскиот алуминиум
Вашингтон, 15 септември 2020 (МИА) - САД соопштија дека ќе ги укинат царините од 10 проценти на увозот на канадски алуминиум по заканите за одмазда од Отава. Веста дојде два часа откако Канада да објави 3,6 милијарди долари реципрочни мерки за увоз на САД како одговор на царините за алуминиумот. Укинувањето на царинските давачки е во сила ретроактивно од почетокот на септември. Кабинетот на американскиот претставник Роберт Лајтизер ги постави и условите за повторно воведување на царински давачки во наредните месеци, велејќи дека тоа ќе се случи доколку пратките од Канада надминат одредени месечни количини што се наведени во соопштението. „Доколку реалните пратки надминаа 105 отсто од очекуваниот обем за кој било месец во текот на четиримесечниот период, тогаш САД ретроактивно ќе воведат тарифа од 10 отсто на сите пратки направени во текот на тој месец“, се вели во соопштението на канцеларијата на американскиот трговски претставник. Американските царини стапија во сила на 16 август и се однесуваат на суровиот алуминиум, за кој Белата куќа соопшти дека претставува 59 отсто од извозот на канадски метали во САД во текот на една година. Американскиот претседател Доналд Трамп ги наметна царините според членот 232 од Законот за проширување на трговијата, кој му овозможува на Претседателот да користи царини за цели кои се однесуваат на „национална безбедност“. ссм/

Остани поврзан