• недела, 22 декември 2024

САД ги предупредија властите во Хонг Конг да не посегаат по слободата на говорот

САД ги предупредија властите во Хонг Конг да не посегаат по слободата на говорот
Вашингтон, 17 јуни 2021 (МИА) - САД денеска ги повикаа властите во Хонг Конг да престанат со нападите врз медиумите, предупредувајќи дека нападите врз демократскиот весник „Епл дејли“ ја поткопува довербата во градот како меѓународен економски центар. „Ги повикуваме властите да престанат да ги напаѓаат независните и слободни медиуми“, изјави пред новинарите портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. - Напорите за ограничување на слободата на медиумите и слободниот проток на информации не само што ги поткопуваат демократските институции на Хонг Конг, туку ја поткопуваат и довербата во одржливоста на Хонг Конг како меѓународен економски центар, рече Прајс. ссм/

Остани поврзан