• вторник, 24 декември 2024

САД ги повикува другите земји да му пренесат порака на Иран да не предизвикува ескалации

САД ги повикува другите земји да му пренесат порака на Иран да не предизвикува ескалации

Вашингтон, 5 август 2024 (МИА) - САД испратија конзистентни пораки преку својот дипломатски ангажман, охрабрувајќи ги другите земји да му пренесат на Иран дека предизвикувањето ескалација на Блискиот Исток не е во нивен интерес, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, како и со шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати, за тензиите на Блискиот Исток, додаде Милер на прес-конференцијата. 

Милер не прецизираше дефинитивно дали пораките на Вашингтон се пренесени до Иран, пренесоа британските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан