• среда, 18 декември 2024

САД ги оценуваат ризиците по националната безбедност од примената на кинески технологии во автомобилите

САД ги оценуваат ризиците по националната безбедност од примената на кинески технологии во автомобилите

Вашингтон, 29 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на САД Џо Бајден објави дека неговата администрација врши проценка на ризиците по националната безбедност поврзани со користењето на кинески технологии во автомобилите.

Тие технологии можат да бидат применети за собирање доверливи податоци, истакна тој во денешното соопштение.

Претседателот му порача на Министерството за трговија да спроведе истражување со фокус на автомобилите што содржат технологии од „земјите кои предизвикуваат загриженост“, како Кина, и да се реагира на постоечките закани.

-Кина има за цел да доминира во идниот пазар со автомобили, вклучително и со употреба на нефер методи, се вели во соопштението на Бајден.

Тој додаде дека политиката на Кина може да придонесе кон тоа американскиот пазар да биде преплавен со кинески автомобили, создавајќи ризик за нашата национална безбедност.

Целта на Вашингтон е да ја намали зависноста на американската автомобилска индустрија од Кина, предлагајќи даночни олеснувања за електричните автомобили и акумулаторите од американско производство и истовремено стремејќи се кон зголемување на домашните производствени капацитети.   

Истрагата се однесува на автомобилите, вклучителн и оние со електричен погон и со автопилот, што постојано се поврзуваат кон личните гаџети, други автомобили, инфраструктрата на САД и американските производители.

Во рамките на истражувањето министерството во текот на 60 денови ќе собира информации од претставници на индустријата и општествени групи. кб/рп/

Остани поврзан