• четврток, 26 декември 2024

САД ги отвораат копнените граници со Канада и со Мексико за вакцинираните лица

САД ги отвораат копнените граници со Канада и со Мексико за вакцинираните лица
Вашингтон, 13 октомври 2021 (МИА) - САД на почетокот од ноември ќе ги отвори копнените граници со Мексико и со Канада за лицата вакцинирани против Ковид-19, како и за туристичките патувања. Границите се затворени 19 месеци поради пандемијата, а автомобилскиот, железничкиот и траектниот сообраќај помеѓу САД и Канада и Мексико во голем дел беше ограничен на неопходните патувања. Новите мерки, што денеска ќе бидат објавени, предвидуваат странските државјани кои се целосно вакцинирани од ноември да можат да влезат со САД без оглед на причината за патување. Слично мерки ќе почнат да се применуваат и за воздушниот сообраќај. САД, исто така ќе ги прифати сите вакцини одобрени од Светска здравствена организација, а не само одобрените во таа земја. ми/

Остани поврзан