• петок, 27 декември 2024

САД воведуваат нови рестриктивни мерки против Русија

САД воведуваат нови рестриктивни мерки против Русија

Вашингтон, 27 јуни 2022 (МИА) - САД ќе воведат визни ограничувања за околу 500 руски службеници поради конфликтот во Украина, како и повисоки царини за над 570 видови руски стоки и санкции против компании кои и помагаат на Русија да избегне рестриктивни мерки, објави денеска Белата куќа.

„Американското Министерство за финансии ќе воведе санкции за приватни воени компании кои работат во Украина, руски воени единици вклучени во кршење на човековите права или кршење на меѓународното хуманитарно право во Украина, како и високи функционери назначени од Русија во опколените области или држени од руски сили“, вклучително и министри и градоначалници на спорните градови“, се наведува во соопштение на Белата куќа.

Се додава дека државата ќе воведе визни ограничувања за околу 500 функционери поради „закани или кршење на суверенитетот, територијалниот интегритет“.

САД најавија и воведување повисоки царини за повеќе од 570 видови стоки од Русија, во вредност од околу 2,3 милијарди долари. паг/

Остани поврзан