• недела, 01 септември 2024

САД воведоа санкции против Турција поради набавката на С-400 

САД воведоа санкции против Турција поради набавката на С-400 

Вашингтон, 14 декември 2020 (МИА) - САД воведоа санкции против Управата за воена индустрија на Турција и четворица високи официјални личности од раководството на оваа институција.  

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека мерките се донесени поради турската набавка на рускиот ракетен систем С-400. 

-И покрај предупредувањата, Турција продолжи со набавката и тестирање на рускиот систем С-400. Денешните санкции против турската воена индустрија целосно ја демонстрираат волјата на САД за почитување на Актот за спротивставување на противнците на Америка со санкции (КААТСА), истакна државниот секретар Мајк Помпе во Твитер порака. 

Додаде дека САД не толерираат крупни зделки со одбранбениот сектор на Русија. 

Санкционирани се раководителот на Управата за воена индустрија, Исмаил Демир, неговиот заменик Фарук Јигит, началникот на одделот за противвоздушна одбрана и вселената, Серхат Генцоглу, и раководителот на програмата на регионалната Управа на системот за противвоздушна одбрана, Мустафа Алпер Дениз.

Санкциите предвидуваат замрзнување на нивнииот имот во САД и забрана за патување во земјата. 

МНР на Турција ја осуди постапката на Вашингтон. кб/ сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан