• четврток, 26 декември 2024

САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонг Конг

САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонг Конг
Вашингтон, 7 август 2020 (МИА) – САД денеска воведоа санкции против лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, сегашниот и поранешен полициски комесар и осум други функционери за нивната улога во, како што тврдат, ограничување на политичките слободи во Хонг Конг. - Кери Лам е извршна шефица директно одговорна за спроведување на кинеската политика за задушување на слободата и демократските процеси, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД. Санкциите се воведени врз основа на указ потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп во јули, а се однесуваат и на секретарот за безбедност и правда во Хонг Конг. - САД стојат со граѓаните на Хонг Конг и ние ќе ги употребиме нашите средства и овластувања за да ги таргетираме оние што ја поткопаат нивната автономија, рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин. јт/

Остани поврзан