• понеделник, 23 декември 2024

САД воведоа санкции за 13 физички и правни лица меѓу кои има осомничени поврзани со присилна депортација на деца од Украина

САД воведоа санкции за 13 физички и правни лица меѓу кои има осомничени поврзани со присилна депортација на деца од Украина

Вашингтон, 24 август 2023 (МИА) - САД соопштија дека воведуваат санкции за уште 13 физички и правни лица, меѓу кои се и тие кои се осомничени дека помагале во присилната депортација на украински деца.

Амбасадорката на САД во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд рече дека САД, исто така, ќе преземат чекори за воведување визна забрана за три лица, претставници на властите поставени од Москва во окупираните украински територии, поради нивната вмешаност во кршење на човековите права врз малолетници во Украина.

„Соединетите Американски Држави нема да стојат настрана додека Русија врши воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече американскиот амбасадор на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан