• четврток, 26 декември 2024

САД воведоа нови санкции поради Северен поток 2

САД воведоа нови санкции поради Северен поток 2
Вашингтон, 22 мај 2021 (МИА) - САД вчера воведоа санкции против руски компании и бродови кои работат на гасоводот Северен поток 2. Но, санкции не се воведени кон операторот на гасоводот, компанијата „Норд стрим АГ“, директорот и соработниците. Северен поток 2 предвидено е да има два крака од гасоводот од брегот на Русија преку Балтиочко Море до Германија, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Во изградбата на гасоводот учествуваат голем број европски компании. Против изградбата на Северен поток 2 е Украина, која се плаши да не ги изгуби приходите од транзиотот на рускиот гас, како и Полска, Летонија и Литванија. Изградбата на Северен поток 2 беше прекината една година откако САД во декември 2019 година. ми/

Остани поврзан