• четврток, 26 декември 2024

САДУ испрати покана за средба со синдикатот на УПОЗ за усогласување на нивните барања

САДУ испрати покана за средба со синдикатот на УПОЗ за усогласување на нивните барања
Скопје, 1 април 2022 (МИА) - По објавата на синдикатот на УПОЗ, за организирање на предупредувачки протест следната недела за изразување на незадоволство од Владата поради непристапување кон покачување на платите во јавниот сектор, Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) кој ги здружува работниците од истата дејност, испративме покана за средба со синдикатот на УПОЗ со цел усогласување на нашите барања и пристапување кон заедничко настапување со нашите синдикални активности, соопшти Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. - Ставот на органите на синдикатот на САДУ е дека од најголем интерес за работниците е ние како синдикати заеднички да настапуваме во однос на нашите барања со цел да ја зајакнеме нашата позиција пред надлежните и за таа цел и јавно ги покануваме на заедничка средба, се вели во соопштението. Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија, додаваат, веќе започна со своите синдикални активности. - На 30 март 2022 година заедно со повеќе грански синдикати од КСС одржавме предупредувачки протест се со цел да го изразиме нашето незадоволство во поглед на платите на вработените во јавниот сектор и ги изразивме нашите барања да се пристапи кон почитување на законите и да се усогласат платите во согласност со покачувањето на минималната плата, се наведува во соопштението. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан