• сабота, 28 декември 2024

САД/Избори: Покрај претседател, Американците денеска избираат и 34 сенатори

САД/Избори: Покрај претседател, Американците денеска избираат и 34 сенатори

Вашингтон, 5 ноември 2024 (МИА) - Претседателската трка меѓу Камала Харис и Доналд Трамп сега е во рацете на избирачите, но Американците исто така избираат свои претставници за во Сенатот и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Процесот засега се одвива предвидливо и без значајни прекини.

Изборите за сенатори се одвиваат во 34 сојузни држави. Иако во најголем број од нив трката е извесна, најконкуретната борба се води во десет.

Од Мериленд до Тексас до Монтана, републиканците се надеваат на уште две победи за да добијат мнозинство во горниот дом на Конгресот. Тие имаат шанса во некои од „колебливите“ и решавачките држави каде актуелните демократски сенатори се борат за резибор.

Според „Вашингтон пост“, десетте држави во кои треба да се следи трката за во Сенатот се Аризона, Мериленд, Мичиген, Монтана, Невада, Охајо, Пенсилванија, Тексас, Висконсин и Небраска.

Сите овие држави, покрај Хаваи, се во четири часовни зони и гласачките места во најголем број од нив затвораат од 19:30 до 22 часот по локално време. кб/ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан