• среда, 25 декември 2024

Савевски и следните две години селектор на македонските женски ракометни репрезентации

Савевски и следните две години селектор на македонските женски ракометни репрезентации
Скопје, 28 август 2021 (МИА) - Ракометната федерација на Македонија го именува Љубомир Савевски за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција. - Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата У-17 кое се одржуваше во Литванија, освојувајќи го првото место, објави РФМ. Според новиот договор Савевски започнувајќи од септември 2021 година функцијата за која е именуван ќе ја извршува за период од две години. зс/

Остани поврзан