• среда, 25 декември 2024

Историјата на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ - Скопје за затворање на Фестивалот „Богородичен покров“

Историјата на црквата „Св. Великомаченик Димитриј“ - Скопје за затворање на Фестивалот  „Богородичен покров“

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Со проекција на македонскиот документарен филм Историјата на црквата „Св. великомаченик Димитриј“ - Скопје најавена за вечер во 21 часот завршува 9. издание на Фестивалот „Богородичен покров“, што се одржува онлајн на на You Tube.

Снимен е во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 декември 1906 година во село Маврово. Се прикажува неговото востоличување за архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија” во Охрид. Исто така, и по повод 800 години постоење на Црквата „Св. Великомаченик Димитриј” во Скопје и 120 години од нејзиното преосветување на храмот, а во неа се наоѓа и гробот на г.г. Доситеј.

Соговорник во филмот е проф. др. Јован Белчовски, поранешен декан и проф. на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје.

Сценариото и режијата се на Зорица Костовска, а монтажата на Коле Јовановски. 

Фестивалската програма стартуваше на 30 неомври и понуди 11 филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски. 

Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина и хумани вредности, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.Организацијата е на Топ Ворлд ТВ продукција од Скопје, која е основана во 1994 година, а чија определба е да негува општествено доброполезни проекти за народот.  Медиумски покровители се МИА, Канал 5 ТВ, МТВ, Сител ТВ, ТВ Сонце, Алфа ТВ, Вечер, Нова Македонија, Премин Портал. лв/нд/

фото: Фестивал „Богородичен покров“

 

 

Остани поврзан