• петок, 27 декември 2024

Сабаленка: Кога би можела би ја запрела војната

Сабаленка: Кога би можела би ја запрела војната

Штутгарт, 20 април 2023 (МИА) – Победничката на Австралија Опен и втора тенисерка во светот, 24-годишната Белорусинка Арина Сабаленка, го повтори своето чувство дека дел од тениските кругови ја избегнуваат поради руската инвазија врз Украина, иако таа отворено се противи на војната.

„Кога би можела би ја запрела војната, но за жал тоа не е во моите раце“, изјави Сабаленка на маргините на Порше Гран – при турнирот во Штутгарт. 

Белорусинката рече дека некои луѓе поинаку се однесуваат кон неа и оти почувствувала и нескриена омраза од почетокот на руската инвазија, додавајќи оти во меѓувреме научила да се носи со тоа.

„Сфатив дека не сум јас таа која направила нешто лошо во Украина. Постојат луѓе кои не ме сакаат бидејќи сум родена во Белорусија. Тоа е нивен избор. Јас тоа не можам да го контролирам. Тоа чувство, дека некој ве мрази без причина, не е баш најдобро. Но, така е, како што е“, рече Сабаленка. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан