• четврток, 26 декември 2024

Сè повеќе компании заинтересирани за купување парцели во индустриската зона Речица

Сè повеќе компании заинтересирани за купување парцели во индустриската зона Речица

Куманово, 3 октвомри 2023 (МИА) - Расте интересот на компаниите за купување парцела во индустриската зона Речица по продажба на парцелата на Лидл, информираа денеска надлежните. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите кажа дека наскоро ќе се организира јавно наддавање за десетината слободни парцели во зоната и дека градот размислува да ја прошири зоната.

- Парите веќе се легнати на жиро-сметка. Очекувам согласно административната процедура да се потпише договорот до крајот на неделава со инвеститорот, за да може реномираната компанија да почне со подготовка на теренот. Во меѓусебен разговор, добивме укажување дека согласно нивниот план за година, година и половна на таа локација да го изградат едно од најсовремените логистички центри во Европа со некаде 200 рампи за утовар и истовар на камиони можност за вработување на 400 лица. Дополнително самата компанија е заинтересирана и за нови локации за изградба на маркети на подрачје на општина Куманово, изјави Димитриевски.

Веќе има интерес и од други компании кои сакаат да купат парцела. Интенцијата на општината е ангажираат што е можно повеќе кумановски компании за снабдување на Лидл согласно нивните стандарди, услови. Димитриевски смета дека зоната има огромен потенцијал. Дел од средствата ќе се реинвестираат во изградба на зоната, патишта, атмосферска канализација, осветлување.

- Зоната е во моментов е една од најатрактивните локации од државата за странски и домашни инвеститори има странка грчка за бетонски елементи на наши домашни компании и овој тренд ќе се задржи, кажа Димитриевски.

Во моментов се изработува генерален урбанистички план и како што изјави кумановскиот градоначалник, планирано е да се извадат постоечките зони од градот, вон планското подрачје и да се изградат нови зони, во близина на автопатот. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан