Сè додека има службена влада, Бугарите нема да бидат во темнина, изјави Румен Радев
- Бугарија е производител на струја, Бугарија е извозник на струја, и Бугарите нема да бидат во темнина. Ова го изјави претседателот Румен Радев пред новинарите во врска со мерките за кои разго
Софија, 10 септември 2022 (МИА/БТА) – Бугарија е производител на струја, Бугарија е извозник на струја, и Бугарите нема да бидат во темнина. Ова го изјави претседателот Румен Радев пред новинарите во врска со мерките за кои разговара Европската унија за контрола на инфлацијата и ограничување на потрошувачката на струја и гас.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Тој ги дефинираше како шпекулации изјавите дека во Бугарија ќе биде ограничено уличното осветлување, дека ќе има режим за струја. Нека биде јасно дека сè додека има службена влада тоа нема да се случи, рече шефот на државата.
Радев ја поздрави службената влада за нејзините постојани напори за контрола на инфлацијата во земјата. Можеби видовте, од вечерва цената на бензинот на бензинските пумпи на Лукоил е под 3 лева и ова е почеток на еден процес, посочи Радев. Намалувањето на цената на горивото, намалувањето на цената на гасот за следниот месец за 30 отсто се реални резултати постигнати со напори и многу работа, додаде тој.
____________________________________________________________________________
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА