• четврток, 26 декември 2024

Рјабков: Нема основа тврдењето дека доколку Трамп стане претседател, американската политика кон Русија ќе стане поразумна и поодговорна

Рјабков: Нема основа тврдењето дека доколку Трамп стане претседател, американската политика кон Русија ќе стане поразумна и поодговорна

Москва, 15 декември 2023 (МИА) – Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека САД ќе добијат видлив руски одговор доколку продолжат со тестовите на нуклеарно оружје.

Тој, исто така, кажа дека Русија не се обидува да влијае на претстојните претседателски избори во САД и не се надева на затоплување на билатералните односи дури и во случај на победа на Доналд Трамп.

Во интервју за списанието „Интернешнл лајф“, Рјабков нагласи дека Русија треба да биде постојано внимателна во случај САД да извршат нуклеарни проби.

„Се сеќаваме, на пример, на она што е напишано во Основачкиот акт НАТО-Русија за „нема планови, намери или причини“ за распоредување на значајни борбени сили во Централна и Источна Европа. Членките на НАТО цинично ја погазија оваа обврска. Како плановите, така и намерите на западната група, предводена од САД, чисто пати се агресивни и воинствени. Ние не судиме по зборовите, туку по делате, и ние самите мора да бидеме подготвени во секој момент“, рече рускиот заменик министер за надворешни работи.

Рјабков, исто така, истакна дека Русија на никаков начин не влијае и никогаш не се обидела да влијае на резултатите од изборите во САД.

„Ние не сме ништо повеќе од набљудувачи кои се трудат да не пропуштат важни моменти за сопственото разбирање на она што се случува. Ние на кој било начин не влијаеме на изборниот процес и никогаш не сме се обиделе да влијаеме на него“, рече тој во интервјуто.

Високиот руски дипломат ги отфрли како неосновани позитивните прогнози за развој на односите меѓу Москва и Вашингтон во случај на победа на поранешниот претседател Доналд Трамп на претседателските избори во САД следната година.

„Нема знаци дека доколку (Трамп) победи на претстојните избори, нешто ќе се промени во поволна насока во однос на неговиот пристап кон Русија и воопшто дека американската политика кон Русија ќе стане поразумна и поодговорна. Нема ништо на кое ќе се темелат позитивните предвидувања, иако некои луѓе едноставно сакаат да веруваат во најдоброто“, рече Рјабков. сд/

Остани поврзан