• недела, 24 ноември 2024

РФМ одржа среба со претставници на ИХФ за СП 2022

РФМ одржа среба со претставници на ИХФ за СП 2022
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Во рамки на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје во период од 30 јули до 10 август, во хотелот „Хилтон“ денеска се одржа средба помеѓу раководството на Ракометната федерација на Македонија и ИХФ номинираните лица, информираат од РФМ. За време на СП ќе бидат присутни 96 номинирани лица од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), судии, делегати, супервизори и претставници од канцеларијата на Светска Ракометна Федерација (IHF), кои што ќе работат во рамки на Мундијалот во Скопје. Ракометниот Мундијал за кадетки започнува на 30 јули, каде ќе учествуваат 32 национални репрезентации. ар/

Остани поврзан