• недела, 24 ноември 2024

Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедност

Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедност
Киев, 2 февруари 2022 (МИА) - Холандскиот премиер Марк Руте ѝ вети на Украина поддршка за кибер безбедноста. Тој го стори тоа за време на денешната посета на Киев, јави ДПА. На прес конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Руте изјави дека неговата земја може да понуди стручни совети во областа. Во јануари, Украина беше погодена од неколку хакерски напади врз владини сајтови, за што ја обвини Русија. Руте не коментираше за можни холандски испораки на оружје за Украина, иако претходно сигнализираше подготвеност да го направи тоа. Зеленски изјави дека Украина ѝ доставила листа со воени потреби на земјата од ЕУ. Во исто време, тој подвлече: - Ние само мислиме на мир. Како што истакна Зеленски, посетите како оваа на Руте, имаат за цел да помогнат да се стабилизира украинската економија. Британскиот премиер Борис Џонсон, како и полскиот, Матеуш Моравјецки, го посетија Киев во текот на вчерашниот ден и ја дадоа својата поддршка на Зеленски. бд/ссм/

Остани поврзан