• сабота, 23 ноември 2024

Руте ја поддржува Германија да ги исполни одбранбените обврски

Руте ја поддржува Германија да ги исполни одбранбените обврски

Будимпешта, 7 ноември 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте го поддржа германскиот канцелар, Олаф Шолц да ги исполни одбранбените обврски на неговата земја и покрај колапсот на германската влада.

Руте рече дека е сигурен оти Германија може да ги исполни нејзините одбранбени барања, опишувајќи го Шолц како „силен лидер“ кој може да се движи низ политичката нестабилност.

Генералниот секретар на НАТО посочи дека Шолц ќе се погрижи Германија да ја игра својата „улога на светската сцена“ и соодветно да ја води својата надворешна политика.

Двајцата работеа заедно како лидери на ЕУ кога поранешниот холандски премиер беше на власт во Холандија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан