• сабота, 23 ноември 2024

Рустеми и Бербери разговараа за ефикасно инфраструктурно поврзување на Северна Македонија и Албанија

Рустеми и Бербери разговараа за ефикасно инфраструктурно поврзување на Северна Македонија и Албанија

Дебар, 25 март 2023 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на Албанската патна управа Евис Бербери заедно со нивни соработници остварија работна средба во Скопје на која разговараа за повеќе теми.- На оваа возвратна посета на албанската делегација се разговараше за унапредување на соработката и заемна поддршка на проектите од заеднички интерес за двете земји, објавија од ЈПДП.

 

За средбата информираа и албанските медиуми кои ја оценуваат како чекор напред во унапредување на соработката со цел подобрување на патната инфраструктура што ги поврзува двете држави.Една од темите на која се посветило посебно внимание и која е од големо значење е проектот за Коридорот 8 и Граничниот премин Ќафасан-Струга кој ги поврзува Албанија и Северна Македонија.При тоа биле разгледани повеќе можни опции каде што би поминувала трасата до границата со Албанија за изнаоѓање на заедничка гранична точка со која би се скратил патот за 20 километри.Рустеми и Бербери подетално разговарале и за имплементацијата на неколку други клучни проекти, а средбите од овој тип ќе се практикуваат и во иднина бидејќи тие значат ефикасно инфраструктурно поврзување на двете земји.Инаку, од албанска страна со забрзана динамика се одвиваат градежните работи од првата фаза на реконструкцијата и проширувањето на патниот правец Ќафасан-Елбасан. вт/лв/Фото ЈПДП Фејсбук

Остани поврзан