• четврток, 26 декември 2024

Руско МО: Спречен обид за напад со украински дронови врз базата во Новоросијск

Руско МО: Спречен обид за напад со украински дронови врз базата во Новоросијск

Москва, 4 август 2023 (МИА) - Уништени се два брода без екипаж со кои вооружените сили на Украина се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Вооружените сили на Украина синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск користејќи два чамца без екипаж. Беспилотните чамци беа визуелно откриени и уништени со оган од стандардното оружје на руските бродови кои ја чуваа поморската база“, соопшти руското Министерство.

Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев изјави дека нема жртви или материјална штета.

Претходно, итната служба на Новоросијск посочи дека добиле информации за експлозии во водите на Новоросијск и селото Мишако.

Каспискиот нафтоводен конзорциум соопшти дека продолжува нормално да испорачува нафта на терминалот во близина на Новоросијск и дека нема оштетувања на инфраструктурата. како што посочуваат, движењето на пловните објекти во пристаништето Новоросијск е привремено забрането. Новоросијск е едно од најголемите пристаништа на Црното Море. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан