• четврток, 26 декември 2024

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите

Москва, 29 март 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан