• сабота, 06 декември 2025

Руско МНР: Лавров и некои членови на делегацијата добија визи за Генералното собрание на ОН во Њујорк

Руско МНР: Лавров и некои членови на делегацијата добија визи за Генералното собрание на ОН во Њујорк
Москва, 13 септември 2022 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и некои членови на руската делегација кои ќе присуствуваат на 77. заседавање на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), денеска добија американски визи за посета на Њујорк, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Очекуваме издавање визи и за останатите членови на делегацијата, како и оперативно решавање на логистичките прашања, земајќи ги предвид незаконските санкции на САД, што ги блокираат логистичките прашања во врска со доаѓањето на руските претставници за да учествуваат во работата на Генералното собрание на ОН, наведува руската страна, пренесуваат локалните медиуми. Претходно, Лавров изјави дека на САД и на генералниот секретар на ОН должност им е да обезбедат учество на сите делегации во Генералното собрание на светската организација. На 20 септември во седиштето на ОН во Њујорк ќе се соберат претседатели и премиери од целиот свет. По наредба на рускиот претседател Владимир Путин, руската делегација треба да ја предводи Сергеј Лавров. бд/сд/

Остани поврзан