• сабота, 23 ноември 2024

Руското ФСБ тврди дека уапсило петмина шверцери на цезиум -137 , кои работеле за Украина

Руското ФСБ тврди дека уапсило петмина шверцери на цезиум -137 , кои работеле за Украина

Москва, 23 јуни 2023 (МИА) - Руската безбедносна служба - ФСБ денеска соопшти дека уапсила пет лица кои се обиделе да купат килограм радиоактивен цезиум-137 за 3,5 милиони долари за еден украински државјанин, пренесе Тасс.

Руската агенција пренесува дека ФСБ соопштила дека цезиумот-137 требало да биде изваден од Русија за да се користи за наводен инцидент со оружје за масовно уништување, се со цел да се дискредитира Русија.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди тврдењата, а Украина сè уште не го коментираше случајот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј неделава веќе  изјави дека украинските шпиони добиле информации дека Русија размислува за „терористички“ напад врз нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина, вклучително и ослободување радијација.

Русија го отфрли ова тврдење на украинскиот претседател и за возврат ја обвини Украина дека планира да ја заземе електраната и да ги гранатира нејзините капацитети, вклучително и оние каде што се складира нуклеарно гориво. Москва, исто така, го обвини Киев дека планира напад со „валкана бомба“ против Русија, што Украина го негираше.

ФСБ денеска соопшти дека приведените лица во овој случај веќе ги признале делата, но не ги кажа нивните имиња или други детали. сд/

фото: архива

Остани поврзан