• сабота, 28 декември 2024

Русковска суспендирана од работното место

Русковска суспендирана од работното место
Скопје, 16 август 2022 (МИА) - Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за МИА потврди дека е суспендирана од функцијата. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како што претходно денеска информираа од Јавното обвинителство, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донел Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него. Републичкиот јавен обвинител, се вели во соопштението од ЈОРМ, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. – Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. ки/аа/

Остани поврзан