• петок, 27 декември 2024

Русковска: Обвинителството веројатно ќе отвори предмет, ако ниту еден орган не ги расчисти сомнежите за софтверот на Рашковски

Русковска: Обвинителството веројатно ќе отвори предмет, ако ниту еден орган не ги расчисти сомнежите за софтверот на Рашковски
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Обвинителката Вилма Русковка, која го раководи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска во изјава за „Слободен печат“ истакна дека доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтвер, поврзан со Драги Рашковски, Обвинителството за кое таа е задолжена веројатно ќе отвори предмет. -Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција се органите што треба да откриваат сторители, тие се органи на прогон и ако решат да не постапуваат тоа ќе го сториме ние, додава Русковска, не сакајќи да ги коментира обвинувањата на опозиционерите за наводна блискост со поранешниот генерален секретар на Владата. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска минатата недела изјави дека ДКСК отворила предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Рашковски. - По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба. И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите. Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет, објасни Ивановска. Владата на 10 март излезе со соопштение во кое наведе дека набавката на софтверот за контрола на просечната брзина на возилата во сообраќајот е спроведена со сите детални процедури низ отворена и јавна тендерска постапка. Во соопштението беше истакнато дека при набавката на софтверот не е прекршена ниту една процедура за јавни набавки и не е констатиран никаков конфликт на интерес. -Владата при набавка на авторски дела, како на пример набавка за изработка на софтверски решенија, секогаш има обврска да осигура дека добавувачот, заедно со предаденото авторско дело ги предава сите авторски или индустриски права на договорниот орган и во овој случај таа обврска е испочитувана во целост. Соодветно на тоа, Владата како сопственик на софтверот и на авторските права, може, без услови, да го модификува и надградува софтверот, по сопствено наоѓање. Изворот на авторски права никогаш не е и во овој случај не бил критериум при оценувањето на понудите на јавните набавки, се вели во соопштението. ац/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан