• среда, 18 декември 2024

Руски хакери напaднале веб-страни на повеќе аеродроми во САД

Руски хакери напaднале веб-страни на повеќе аеродроми во САД
Вашингтон, 10 октомври 2022 (МИА) - Десеттина веб-страни на аеродороми во САД, меѓу кои и неколку од најголемите национални аеродорми, беа недостапни изутринава по хакерски напади на руски хакери, јави Си-ен-ен. Ова не влијаело на воздушниот сообраќај, но сајтовите биле недостапни за пребарување на информации за патување. Нападнати биле 14 веб-страни, вклучувајќи ја и онаа на меѓународниот аеродором во Атланта, Џорџија. Исто така, исклучена била и страницата на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, но вратена во употреба до 9 часот изутрината. Се дознава дека се работи за хакерската група „Килнет“, која започнала активности со напади на организации во земјите на НАТО, а по руската инвазија на Украина во февруари годинава. Се верува дека таканаречените „хактивисти“ се политички мотивирани на страната на Кремљ, но не е познато дали Москва има некаков удел во оваа група. Групата минатата недела успеа да угаси неколку веб-страници на американски државни институции, како и краткотрајното исклучување на страницата на американскиот Конгрес во јули годинава. Изврши кибер напади во Литванија, откако земјата блокраше испораки на стоки до руската енклава Калининград. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан