• вторник, 24 декември 2024

Руски хакери го нападнале државниот телеком на Украина

Руски хакери го нападнале државниот телеком на Украина
Киев, 28 март 2022 (МИА) – Украинската државна служба за специјални комуникации (СССЦИП Украина) соопшти дека руските сили извршиле кибер-напад врз државниот телеком Укртелеком. Претседателот на СССЦИП Јуриј Шчихол информира дека кибер-нападот е неутрализиран и оти во тек се напори за обновување на услугите. За време на нападот, Укртелеком ги прекина услугите на повеќето свои клиенти за да ја заштити мрежната инфраструктура и да продолжи да дава услуги за украинската армија. јт/

Остани поврзан