• среда, 20 ноември 2024

Руски функционер предупреди за можно оштетување на централата Запорожје и ризици за нуклеарната безбедност

Руски функционер предупреди за можно оштетување на централата Запорожје и ризици за нуклеарната безбедност

Москва, 5 мај 2023 (МИА) - Руски функционер предупреди дека рекордно високите нивоа на водата би можеле да ја прелеат големата брана во јужна Украина и да оштетат делови од нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола.

Ренато Карча, советник на главниот директор на компанијата за нуклеарна енергија Росенергоат, вели дека во случај на пукање на браната Каховка, ќе се поплави доводната линија за пумпните станици во Запорожје, што ќе создаде функционални проблеми за работата на електраната и ризици за нуклеарната безбедност.

Во ноември минатата година, сателитски снимки покажаа значителна штета на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека планираат да ја пробијат браната користејќи експлозиви, што ќе поплави голем дел од низводното подрачје и веројатно ќе предизвика широко распространето уништување околу Херсон. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан