• петок, 27 декември 2024

Руски суд ги замрзна средствата на американските банки „ЈП Морган“ и „Мелон“ во Русија

Руски суд ги замрзна средствата на американските банки „ЈП Морган“ и „Мелон“ во Русија

Москва, 3 октомври 2024 (МИА) - Московскиот окружен арбитражен суд вчера ги замрзна средствата на американската „Банк оф Њујорк Мелон“, во сопственост на руската филијала на „Ситибанк“, како и на банката „ЈП Морган Чејс“, во сопственост на руската филијала на банката, во износ од близу 372 милиони долари.

Во одлуката на судот се вели дека мерката ја побарал заменик-јавниот обвинител „за заштита на интересите на Руската Федерација“ во врска со одземањето од страна на Централната банка на Украина на лиценцата на „Ем Ер Банк“ и плановите за нејзино затворање до 2025 година. Банката „Ем Ер“ е украинска филијала на најголемата руска банка „Сбербанк“.

Канцеларијата на рускиот заменик јавен обвинител инсистира на признавање на средствата на банката „Ем Ер“ во банките „ЈП Морган“ и „Банк оф Њујорк Мелон“, во износ од 121 милион долари, односно 251 милион долари, за законска сопственост на „ Сбербанк“, која мора да биде компензирана со замрзнатите средства на двете американски банки, во вкупна вредност од 372 милиони долари. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан