• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руски стратешки бомбардери прелетаа над Балтичко Море

Руски стратешки бомбардери прелетаа над Балтичко Море

Москва, 12 март 2025 (МИА) - Два руски стратешки бомбардери Ту-22М3 денеска извршија планиран лет над неутралните води на Балтичкото Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Според соопштението, летот траел повеќе од четири часа, а во одредени фази руските авиони биле придружувани од странски ловци, иако не се наведува од кои земји.

Министерството истакна дека бомбардерите биле во придружба на два руски ловци – Су-30СМ и Су-27.

Сите други држави кои имаат излез на Балтичкото Море се членки на НАТО.ссм/

фото: архива

Остани поврзан